• петок, 22 ноември 2024

Преглед на настани за руско-украинската војна во изминатите 24 часа

Преглед на настани за руско-украинската војна во изминатите 24 часа
Киев, 3 март 2022 (МИА) – Кус преглед на најбитните настани во изминатите 24 часа од војната во Украина. – Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се изразува најдлабоко жалење за руската агресија врз Украина и се бара Русија веднаш да престане да се заканува и да користи сила против Украина и итно, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили од меѓународно признатата територија на Украина. Резолуцијата беше усвоена со 141 глас „за“, пет „против“ и 35 воздржани. Усвоената резолуција ја потврдува посветеноста на Украина за суверенитет, независност, единство и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници.

– Речиси 500 руски војници се убиени од почетокот на војната во Украина, соопштија официјални лица од одбраната на Русија. „Загинаа 498, а уште 1.597 се ранети во изминатите седум дена“, тврди руското Министерство за одбрана во својот прв извештај за воени жртви откако земјата го нападна својот источноевропски сосед минатата недела.

Оружјето што Германија го вети за Украина како помош во борбата против Русија е предадено, изјавија владини извори за ДПА. Германската влада во саботата најави дека ќе ги поддржи украинските вооружени сили со 1.000 парчиња анти-тенковско оружје и 500 „стингер“ ракети земја-воздух. – Европската унија е подготвена финансиски да ги поддржи украинските бегалци и земјите што ги примаат, изјави комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон за време на посетата на граничниот премин Медика во Полска. – Бројот на украинските бегалци се искачи на речиси 875.000, соопштија денеска Обединети нации, во седмиот ден од руската инвазија врз Украина. На интернет-страницата на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) досега вкупно 874.026 луѓе ја напуштиле Украина. – Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека одлуката на Германија за замрзнување на сертификацијата на гасоводот Северен поток 2 е неприфатлива и оти ќе нанесе непоправлива штета на нивните билатерални односи. Украинските власти денеска ги повикаа загрижените мајки на руските војници заробени на бојното поле да дојдат и да ги земат своите синови. „Донесена е одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки доколку дојдат да ги земат во Украина, во Киев“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. – Белоруската новинска агенција Белта јави дека руската делегација патува на местото каде што ќе се водат преговорите со украинската страна. Точната локација на разговорите се уште не е откриена. Разговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска, јави претхдно Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на помошник на украинскиот претседател.  Емануел Макрон вечерва во 20 часот ќе и се обрати на нацијата со говор, посветен на војната во Украина, јави дописникот на МИА. Европската унија воспостави хуманитарен коридор за бегалците од Украина. Речиси половина милион бегалци пристигнаа на полска територија од Украина од почетокот на руската инвазија минатата недела, соопштија денеска полските власти.

– Острите финансиски санкции наметнати од САД, Европската унија и западните сојузници и нанесоа „сериозен удар“ на руската економија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Руската економија сега се соочува со сериозен притисок и сериозен удар“, нагласи Песков, јави ДПА.

– Украинскиот пристанишен град Мариупол претрпува масовни жртви и се соочува со прекин на водоснабдувањето бидејќи се брани од непрекинатите напади на руските сили, изјави градоначалникот на украинскиот пристанишен град Вадим Боиченко. Заменик шефот на руската дипломатија Александар Грушко денеска изјави дека нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но дека постојат ризици. Грушко изјави за ТВ Русија-24 дека Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт. – Во руската инвазија убиени се повеќе од 2.000 украински цивили, а  уништени се стотици објекти, вклучувајќи транспортни објекти, болници, градинки и домови, соопшти денска украинската служба за итни случаи. – Вашингтон пост, повикувајќи се на три неименувани извори, објави дека САД подготвуваат проширување на санкциите воведени против руските олигарси, нивните компании и членови на семејствата поради инвазијата на Владимир Путин врз Украина. – Во земјите-членки на Европска Унија од денеска стапува во сила забраната за емитување на руските државни медиуми „Раша тудеј“и „Спутник“.  Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го нарече рускиот претседател Владимир Путин воен злосторник и побара едногласност на ОН да ја осудат руската инвазија врз Украина. Неговите коментари во Парламентот, предизвикаа овации од присутниот амбасадор на Украина. – Папата Франциск денеска за време на општа аудиенција ги повика луѓето од целиот свет да се сетат на Украинците во засолништата, истовремено заблагодарувајќи се на Полска што примила толкав број бегалци. – Европската комисија денеска предложи активирање на Директивата за привремена заштита на украинските бегалци, со која се овозможува издавање дозволи за престој, право на работа, социјална и здравствена заштита и образование. – Германскиот канцелар, Олаф Шолц, ги повика Русија и Украина да продолжат со мировните преговори за прекин на конфликтот. „Се разбира дека сега мора да се работи за дипломатијата да добие уште една голема шанса“, порача Шолц и побара од Русија веднаш да ја прекине воената офанзива. – Советот на Европа преку соопштение побара Русија веднаш да престане со убиствата и страдањата на луѓето во Украина, наведувајќи оти рускиот воен напад сее смрт и уништување во срцето на Европа. – Нискобуџетната европска авиокомпанија „Виз Ер“ (Wizz Air) најави дека ќе обезбеди 100.000 бесплатни места во своите авиони за превоз на украински бегалци. – Државниот советник и министер за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, ги повика Русија и Украина по пат на преговори да изнајдат решение за судирот, притоа нагласувајќи дека Кина ги поддржува сите контруктивни меѓународни напори што водат кон постигнување политичко решение. - Светска банка ги суспендира сите свои тековни проекти во Русија и Белорусија како одговор на инвазијата врз Украина, објавија западните медиуми. - Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) соопшти дека покренува истрага за ситуацијата во Украина, пренесува „Гардијан“. Обвинителот на овој суд, Британецот Карим Кан, потсети дека на 28 февруари обелоденил дека бара дозвола да покрене истрага за ситуацијата во Украина, врз основа на претходните заклучоци на неговиот правен тим. - Генералштабот на украинската армија тврди дека дошол во сопственост на руски воен план на 810-та поморска бригада на Црноморската воена флота, според кој, наводно, идејата била да се покори Украина за 15 дена, објави украинска „Правда“. - Градоначалникот на украинскиот град Херсон, Игор Кољхаев, синоќа објави дека градот на југот на Украина паднал во рацете на руската армија, јави Би-Би-Си. Во порака преку Фејсбук, градоначалникот истакна дека „денеска во градскиот совет биле видени вооружени странци“, а на руските војници им рекол дека во тој град нема украински вооружени сили, туку само цивили и луѓе кои сакаат да живеат таму. - Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека досега е потврдено оти во Украина загинале 227 цивили, а 525 се повредени. - Голема експлозија одекнала синоќа во Киев, набргу откако се огласија предупредувачките сирени во главниот град на Украина. Прелиминарните извештаи покажуваат дека мета на нападот била централната железничка станица во Киев. паг/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан