• четврток, 18 јули 2024

Прегазен пешак во Нов Дојран 

Прегазен пешак во Нов Дојран 

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) – Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.  

-Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти МВР. 

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.вј/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан