• петок, 05 декември 2025

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка


Скопје, 11 јули 2025 (МИА) – Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска во натпреварот за пласман од 17. до 21. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“ ја совлада Австрија со 78-70 и со тоа дојде до првиот триумф на турнирот во Литванија.
Во израмнет натпревар, избраничките на селекторот Виктор Петровски до победата дојдоа со одлично одиграна последна четвртина во која направија разлика од десет поени (21-11) што беше доволно за прва радост.
Своите одлични настапи на ЕП ги продолжи Ања Начевска, која финишираше со нов двоен ефект, изразен со реализација на 23. поени и 17. скокови, но за разлика од претходните натпревари, во македонскиот состав денеска имаше уште три кошаркарки кои завршија со двоцифрен број на реализации.Трајковска реализираше 15. поени, а Колева и Пислевска уфрлија по 14 кошеви. ег
ФОТО: МКФ

Остани поврзан