• сабота, 18 мај 2024

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

Софија, 6 јули 2023 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација под 18 години со победа ја почна втората фаза на Европското првенство од Б дивизијата во Софија, совладувајќи ја вечерва Норвешка со 72-57.

Премиерната победа црвено – жолтите ја најавија веќе во првата четвртина која македонските кошаркарки ја решија во своја корист со 19-6, а до полувремето предноста ја зголемија на убедливи 38-18.

Македонската репрезентација продолжи во иста динамика и во второто полувреме и го забележа првиот триумф по серијата од четири порази на завршниот турнир во Софија.

Најефикасна во македонскиот состав беше најмладата репрезентативна Ања Начевска со 20 поени.

Mакедонските кошаркари, утре од 14.30 часот, ќе го одиграат вториот натпревар од новоформираната група „Е“ за пласман од 9. до 18. место на ЕП, а противник ќе им биде репрезентацијата на Велика Британија. ег/сх/

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан