• недела, 22 декември 2024

Прв случај на ширење на коронавирусот од човек на човек во САД

Прв случај на ширење на коронавирусот од човек на човек во САД
Вашингтон, 30 јануари 2020 (МИА) - Во САД е регистриран првиот случај на ширење на коронавирусот со пренесување од човек на човек, соопшти денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Случајот е откриен во американската сојузна држава Илиноис. Со тоа бројот на заразени од епидемијата во САД се зголеми на шест лица. Коронавирусот е откриен кај сопругот на една жена која патувала во Кина и е, исто така, заразена. Двајцата пациента се на околу 60-годишна возраст. гт/

Остани поврзан