• недела, 29 септември 2024

Прв случај на заразен со новиот коронавирус во Африка

Прв случај на заразен со новиот коронавирус во Африка
Каиро, 14 февруари 2020 (МИА) - Египет го потврди првиот случај на заразен со новиот коронавирус и нагласија дека станува збор за странски државјанин, сместен во изолација во болница. Министерството за здравство соопшти дека веднаш ја известило Светската здравствена организација и ги презема сите неопходни мерки. Националноста на заразеното лице и други детали не се дадени, освен тоа што заразеното лице е во стабилна состојба. Тоа е прв случај на новиот коронавирус на африканскиот континент. Експертите и африканските лидери изразија загриженост дека вирусот, доколку се шири таму, може да предизвика хаос во помалку развиените земји со помалку здравствени ресурси.зш/

Остани поврзан