• понеделник, 23 декември 2024

Прв пливачки маратон во Преспа

Прв пливачки маратон во Преспа
Ресен, 17 јули 2021 (МИА) – Во водите на Преспанското Езеро денеска се одржува првиот пливачки маратон „Преспа 2021“, во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит од Охрид“, со поддршка на Општина Ресен . Повеќе од 50 учесници во две категории, тргнаа од стартната позиција, од плажата „Цоца“ во Сливница, а успешно натпреварување и мирно езеро им посака градоначалниот на Општина Ресен Живко Гошаревски. - Душата ми се полни што после толку години, во соработка со здружението „Акваспирит“- Охрид, успеавме да го организираме првиот пливачки маратон „Преспа 2021“ во водите на нашето Преспанско Езеро. Искрено се надевам дека овој настан, ќе прерасне во традиција и сите заедно ќе ја испишуваме новата историја во пливачките спортови во Преспа, рече Гошаревски. Патеката е во форма на четириаголник со страни 200 на 50 метри и се плива кружно обратно од стрелките на часовникот. Во првата категорија се натпреваруваат деца од 9 до 13 години на 1.800 метри и од 14 години па нагоре на 2.5 километри во машка и женска конкуренција. За победниците во сите возрасни категории предвидени се медали и подароци од спонзорите, како и пехари и парични награди. сс/цр

Остани поврзан