• сабота, 21 декември 2024

Прв академски час, со гостин од Њујорк, Катедра за современ танц при УГД

Прв академски час, со гостин од Њујорк, Катедра за современ танц при УГД

Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев" предводена од професор д-р Рисима Рисимкин денеска со студентите ќе го одржи првиот академски час за оваа наставна година.

Веднаш потоа студентите ќе имаат средба и работилница со американскиот кореограф Џастин Кабрилос, кој живее и работи во Њујорк, има завидна интернационална кариера и своите искуства ќе ги сподели со студентите за современ танц при УГД, кои работат во Скопје, во просториите на Дом на АРМ. Соработката со овој кореограф е овозможена преку „Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива“ и програмската директорка Биљана Тануровска  Ќулавкоски.

Катедрата за современ танц на УГД е оформена во 2017 година со прв циклус студии; втор циклус студии се оформија во 2021 година, со програмите за кореографија и танцова педагогија, а од следната година ќе се отворат и првите докторски студии за танц во земјава. Оваа катедра е една од ретките уметнички високообразовни институции во земјава, каде, покрај домашните, студираат и странски студенти, на двата циклуса на студии. Студентите на Катедрата за современ танц својата пракса ја имаат во рамките на работата на Скопје танцовиот театар, преку чии активности имаат можност за учество во професионални продукции, како и можност за настапи во странство, низ Европа, САД и Кина. Воедно, овие студенти имаат можност за студиски престој на Ротердамската танцова академија и КОДАРТС универзитетот, како и резиденции и настапи на програмата „Share“ која вклучува девет европски танцови академии и универзитети од Австрија, Словачка, Чешка, Латвија, Унгарија, Полска, Велика Британија и Северна Македонија. дма/ац/

Остани поврзан