• недела, 22 декември 2024

Првото ново засилување на Јунајтед пристигна во Манчестер, поминува медицински прегледи

Првото ново засилување на Јунајтед пристигна во Манчестер, поминува медицински прегледи

Манчестер, 12 јули 2024 (МИА) - Холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе пристигна во Манчестер, пренесуваат медиумите во Англија. Ова се случи еден ден откако Холандија беше елиминирана во полуфиналето на ЕП 2024 од Англија.

Веќе вчера различни извори објавија дека „црвените ѓаволи“ постигнале целосен договор со Болоња за трансфер на офанзивниот фудбалер. 20-кратниот шампион на крајот успеа да се договори со италијанскиот тим да плати 42,5 милиони евра за играчот, но во текот на три години, наместо да ја плати неговата откупна клаузула од 40 милиони евра наеднаш.

Се очекува денес да ги мине задолжителните медицински прегледи пред да го потпише договорот. Договорот на играчот би требало да биде до летото 2029 година.

Зиркзе може да игра како центарфор, но исто така е способен да се бори и да биде вовлечен на малку подалечни позиции како лажна деветка или на крило. До крајот на денот најверојатно и официјално ќе биде објавен договор за него.

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори и со неговиот соиграч во репрезентацијата Матаис де Лихт од Баерн Минхен, а очекувањата се овој трансфер да биде комплетиран до крајот на следната недела. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан