• вторник, 03 февруари 2026

Првите палестински пациенти денеска се евакуирани од Газа во Египет преку преминот Рафа

Првите палестински пациенти денеска се евакуирани од Газа во Египет преку преминот Рафа

Газа, 2 февруари 2026 (МИА) - Првите палестински пациенти денеска беа евакуирани од Појасот Газа во Египет преку преминот Рафа, откако тој повторно беше отворен, објави Ал Џезира.

Неименуван египетски функционер изјави дека три амбулантни возила со болни и повредени Палестинци пристигнале досега во Египет и биле прегледани веднаш по пристигнувањето за да се утврди во која болница ќе бидат однесени.

Денешното отворање на преминот Рафа е клучен чекор во прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, но е во голема мера симболично, бидејќи засега само на 50 Палестинци ќе им биде дозволено да преминат во двата правци дневно, додека не е дозволено да преминува стока.

Преминот Рафа е во голема мера затворен откако Израел го зазеде во мај 2024 година.

Израел објави дека очекува бројот на премини да се зголеми доколку системот биде успешен.сд/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан