• петок, 22 ноември 2024

Првите луѓе на ОБСЕ загрижени за ситуацијата во Казахстан

Првите луѓе на ОБСЕ загрижени за ситуацијата во Казахстан
Копенхаген, 6 јануари 2022 (МИА) - Претседателката на парламентот на ОБСЕ, Швеѓанската Маргарет Седерфелт, и специјалната претставничка на организацијата за Централна Азија, Финкињата Пиа Каума, денеска изразија загриженост за развојот на ситуацијата во Казахстан, особено за човечките загуби, и ги повикаа сите страни да се воздржат од насилство и да се обидат да ги решат разликите преку дијалог. „Со загриженост го следам развојот на ситуацијата во Казахстан и ги потсетувам сите страни да се воздржат од насилство, да почнат дијалог и да ги почитуваат основните слободи. Важно е да се поддржи мирното решение и важно е Казахстан да се придржува до своите обврски во ОБСЕ“, наведе Седерфелт во соопштението на ОБСЕ. Каума, која е и потпретседателка на парламентот на ОБСЕ, кажа дека жали за човечките загуби и апелираше до спротивставените страни да се воздржат од натамошна ескалација. сд/

Остани поврзан