• понеделник, 15 јули 2024

Првите вакцини преку КОВАКС испорачани на Гана

Првите вакцини преку КОВАКС испорачани на Гана
Акра, 24 февруари 2021 (МИА) - Преку глобалниот механизам за размена на вакцини на Светска здравствена организација (КОВАКС) денеска се испорачани првите вакцини против Ковид-19. Авион со 600.000 вакцини на АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, произведени во Институтот Срум во Индија денеска слета во главниот град на Гана, Акра. Вакцини во Гана првенствено ќе добијат здравствените работници и високоризичните лица.
- Ова е значаен момент, бидејќи пристигнувањето на вакцини против Ковид-19 во гана е од пресудно значење за ставање крај на пандемијата, изјавија Ен-Клара Дуфи од УНИЦЕФ во Гана и претсатвникот на СЗО Франсис Касоло. Преку КОВАКС вакцини против Ковид-19 денеска ќе бидат испорачани во неколку државио со ниски и просечни приходи. ми/

Остани поврзан