• понеделник, 23 декември 2024

Првите вакцини од Ковакс програмата во БиХ ќе стигнат следната недела

Првите вакцини од Ковакс програмата во БиХ ќе стигнат следната недела
Сараево, 20 март 2021 (МИА) - Првата достава на вакцини од програмата Ковакс во Босна и Херцеговина ќе пристигне на 24 март, соопшти денеска Министерството за цивилни работи на БиХ. Како што е наведено, 23.400 дози вакцина од компанијата „Фајзер/Бионтек“ ќе пристигнат на 24 март, додека 24.000 дози разредувач ќе бидат доставени претходниот ден. Точното време на пристигнување на вакцината зависи од летот до Сараево.
Како што пренесуваат босанските медиуми, испораката на вакцини преку системот Ковакс се одвива бавно, поради што Федерацијата БиХ сè уште не добила ниту една доза од таа програма.
Властите на ентитетот во БиХ поради тоа се определија за директна набавка.
На 2 март, во Сараево, српскиот претседател Александар Вучиќ достави 10.000 вакцини од „АстраЗенека“ на БиХ. паг/

Остани поврзан