Првиот вицепремиер Меџити се сретна со делегација на МАТТО предводена од претседателот Адемоски
- Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити се сретна со делегација на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО) предводена од нејзиниот претседател Ајдован Адемоски со соработници.
Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити се сретна со делегација на Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО) предводена од нејзиниот претседател Ајдован Адемоски со соработници.
На средбата, информираат од МЖСПП беше истакната одличната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција на полето на бизнисот, културата, економијата и многу други области.
Меџити рече дека двете влади имаат за цел да ја зголемат трговската размена меѓу двете земји, како и да ги поттикнат турските компании да инвестираат во Република Северна Македонија.
-Двете страни ја потврдија важноста на трговската соработка меѓу двете земји и ја истакнаа нејзината важност за двете економии. Меџити на средбата повтори дека турските инвестиции во нашата земја се одлична можност уште еднаш да се истакнат силните врски меѓу Северна Македонија и Турција и дека економската соработка меѓу двете земји донесе многу придобивки и помогна да се отворат работни места, а исто така придонесоа за стабилноста и економски раст на Северна Македонија, соопшти МЖСПП. вј/нд/
Фото: МЖСПП