• сабота, 16 ноември 2024

Првиот вицепремиер Меџити на научна конференција „Јазикот и етносот“

Првиот вицепремиер Меџити на научна конференција „Јазикот и етносот“

Скопје 14 ноември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествувал на научната конференција „Јазикот и етносот “, организирана од Агенцијата за имплементација на јазиците.

Како што информира неговот Кабинет, во своето излагање пред истражувачи, академици, лингвисти и студенти, Меџити ја истакнал важноста на јазикот „како клучен елемент во формирањето на националниот идентитет, тесно поврзувајќи го тоа со историјата и културата на албанскиот народ“.

-И покрај промените на времето и предизвиците на глобализацијата, јазикот е еден од најмоќните фактори што ги обединува Албанците и го штити културното наследство. Како прв вицепремиер, чувствувам должност уште еднаш да повторам дека иако Уставниот суд има должност да ги оценува уставноста на законите и другите акти и да го гарантира спроведувањето на Уставот, тој нема мандат да внесе во дискусии, а уште помалку во политичкото одлучување, а особено кога станува збор за закони и други правни акти кои гарантираат мултиетнички соживот како и духот на соживот во Република Северна Македонија. Затоа повторувам: во ниту една земја во светот не се случува да се нарушат или укинат стекнатите права, бидејќи тоа е квалитет на вистинските демократии, правата да напредуваат континуирано, да не се скратуваат, кршат или негираат, рекол Меџити,  додавајќи дека во повеќејазичните општества, „јазичните политики на државата се одлучувачки за функционалноста на овие општества“.

Меџити посочил дека ноември е месец во кој с еодбележуваат  некои од најважните историски настани кои, како што рекол, довеле „до консолидација на албанската нација на почетокот на 20 век“.

-Конгресот во Битола кој се одржа од 16 до 22 ноември 1908 година, како настан кој ја кодифицираше азбуката на јазикот, а потоа и прогласувањето независност на 28 ноември 1912 година, се два главни историски моменти кои ја обликуваа нашата колективна свест за нацијата и јазикот и затоа,  за албанската нација, јазикот е најмоќниот хомогенизирачки елемент меѓу сите детерминанти на идентитетското стебло, истакнал Меџити. 

Од Кабинетот на првиот вицепремиер информираат дека на научната конференција, покрај директорот Гранит Османи, учествувале и министерот за труд, демографија и млади Фатмир Лимани, истражувачи, академици, лингвисти од нашата држава, Косово и од Албанија. хс/ цр

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Остани поврзан