• сабота, 21 декември 2024

Првиот вицепремиер Меџити во Тирана пречекан од претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Првиот вицепремиер Меџити во Тирана пречекан од претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на првата официјална посета на Тирана, денеска бил пречекан од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.  

На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, претседателот Бегај му честитал на вицепремиерот Меџити за новата функција и изборниот резултат, а се разговарало за соработката на сите полиња меѓу Албанија и Северна Македонија. Односите меѓу двете земји, на средбата биле оценети како одлични, со цел континуирано проширување.

- Дискусиите се фокусираа на проекти од стратешки интерес за двете земји, како што е и Коридорот 8. Инфраструктурното поврзување и сеопфатната соработка се приоритет на новата Влада во Скопје, каде што размената на позитивни искуства, особено на полето на странските директни инвестиции, развојот на туризмот и слободното движење на граѓаните, што е камен-темелник за стабилен развој, рекол Меџити, се подвлекува во соопштението.

Тој додал дека друга клучна тема на разговорите била соработката во евроатлантските напори, процес кој бара континуирана координација и заедничка посветеност за исполнување на нашите стратешки цели. цр/ев/

Фото: Министерството за животна средина и просторно планирање

Остани поврзан