Прва шампионска титула за Стеауа по пауза од девет години
- Фудбалерите на ФКСБ, поранешна Стеауа, ја освоија шампионската титула во Романија, прва по пауза од девет години.
Букурешт, 28 април 2024 (МИА) – Фудбалерите на ФКСБ, поранешна Стеауа, ја освоија шампионската титула во Романија, прва по пауза од девет години.
Избраниците на Џиџи Бекали го победија минатогодишниот шампион Фарул со 2:1 и се недостижни на врвот.
ФКСБ има 49 бода по 7. коло во плејоф фазата, а Фарул е втор со 35.
Давид Микулеску го отвори резултатот за домаќините пред паузата, а во 79. минута израмни Ривалдињо.
Малку подоцна Александру Балуца постигна гол и донесе шампионска победа за ФКСБ. ег ФОТО: Фејсбук