• понеделник, 23 декември 2024

Прва цивилна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“

Прва цивилна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Скопје, 15 септември 2021 (МИА) - Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК), на подрачјето на Охрид и Струга, од 20 до 24 септември годинава ќе се одржи вежбата „Северна Македонија 2021“. Центарот за управување со кризи како домаќин, на оваа прва цивилна НАТО вежба во земјава, што истовремено ќе се одвива и теренски и штабно, е организатор на сите активности поврзани со вежбата, во координација со НАТО тимот. Како што најавија од ЦУК, официјалното отворање на вежбата ќе биде проследено со дефиле на единици, промотивно разгледување на штандови и вежбовна точка, по што ќе следи показно спасување на пат – симулација на сообраќајна незгода. На предвидениот „Ден за медиуми“, најавуваат од ЦУК, за медиумите ќе биде овозможен пристап на лице место во подрачјата, каде што теренски ќе се одвива вежбата. Целиот настан почнувајќи од 20-24 септември е планирано да биде пренесуван во живо на интернет„youtube“ каналот на НАТО, што линковски ќе биде поставен на официјалната „фејсбук“ страницата на Центарот за управување со кризи. цр/са/  

Тагови

Остани поврзан