• петок, 22 ноември 2024

Прва контаминирана фарма на патки од птичји грип во Франција

Прва контаминирана фарма на патки од птичји грип во Франција
Париз, 8 декември 2020 (МИА) - Првата француска фарма, која произведува патки во Ланд, е контаминирана од птичји грип откако беше регистрирано враќањето во ноември на оваа вирусна болест, соопшти денеска Министерството за земјоделство. Болеста неодамна беше откриена во Франција во продавниците за миленичиња и во дивината, но не и во фармите, јави дописникот на МИА. - Како превентивна мерка, на 6 декември е наложено колење на 6.000 патки на фармата лоцирана во општината Бенес-Марем, се наведува во соопштението. Од недела, префектурата Ландес изрази „силно сомневање“ за контаминација со вирусот на птичји грип од видот Х5Н8 во оваа фарма, по забележувањето на висока смртност. „Со цел да се контролира ризикот од ширење на вирусот, забрането е движење на живина“ на површина од 10 километри околу изворот на контаминација „каде што мора да се почитуваат строги здравствени мерки“, потенцира Министерството. Тоа укажува на тоа дека инфекцијата со вирусот Х5Н8 е потврдена од националната референтна лабораторија. Вирусот, „непренослив за луѓето, циркулира активно во дивиот свет во Европа преку птици преселници“, потсетува Министерството. Првите француски случаи беа откриени во ноември во продавници за животни, на Корзика и во Ивелин, сите снабдени со гуски. Неколку случаи на оваа болест, која е многу заразна и погубна за птиците, исто така се потврдени меѓу дивиот свет. „Дива Гуска во Лоара-Атлантик и три лебеди во Меурт-е-Мозел беа откриени угинати на крајот на минатата недела, по што е потврдено дека се погодени од истиот вирус Х5Н8, соопшти денес француското Министерството. Властите систематски посочуваат дека „птичјиот грип не се пренесува на луѓето преку потрошувачка на месо од живина, јајца, мастен црн дроб за паштета и општо каков било прехранбен производ“. Производителите стравуваат од незадоволство на потрошувачите за нивните производи, додека кризата поврзана со пандемијата на коронавирусите веќе ја влоши продажбата на паштета. Фармерите на патки на југозапад од Франција беа погодени двапати, во зимите 2015/16 и 2016/17, од епизоотијата на птичјиот грип, што предизвика масовно уништување за искоренување на болеста и тоа ги чинеше производителите стотици милиони евра. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан