• петок, 22 ноември 2024

Првачињата во Карбинци и годинава ќе добијат бесплатни ранци и прибор

Првачињата во Карбинци и годинава ќе добијат бесплатни ранци и прибор

Карбинци, 19 август 2024 (МИА) - Ранци и училишен прибор и годинава ќе добијат првачињата во Општинското основно училиште (ООУ)„Страшо Пинџур“, како и во подрачните училишта  во Општина Карбинци.

Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов најави дека традиционално како и секоја година и годинава родителите на дечињата ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари. Прв пат од септември во училишните клупи ќе седнат околу 50 првачиња, бројка што е речиси идентична како и лани.

-Основното училиште во Карбинци „Страшо Пинџур“ е со една константна бројка на новозапишани првачиња, така идентична е бројката од лани за овие дечиња, кои прв пат ќе тргнат на училиште. Се работи за бројка од 50 дечиња, Општина Карбинци традиционално со училиштето и ова година ќе им додели бесплатни ранци, бесплатен училишен прибор на дечињата, рече Паунов.

За разлика од Карбинци поголемите општини се соочуваат со намалување на бројот на дечиња кои се запишуваат во прво одделение. Во Штип лани имало запишани 580 првачињата, а оваа година во училишните клупи вo Штип треба да седнат 559 ученици во прво одделение. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан