Празнични попусти на ексклузивни брендови за совршен стил само во Рамстор Мол
Скопје, 29 декември 2025 година
Празничниот дух веќе се чувствува а Рамстор Мол и оваа година е централната дестинација за сите кои сакаат да ја пречекаат Новата година со стил. Без разлика дали сте во потрага по совршениот изглед за празничната вечер или сакате да ги изненадите вашите најблиски со уникатен подарок, нашите продавници нудат врвна селекција на светски брендови, сега со атрактивни празнични попусти.
Италијански шик и ново освежување на модната сцена
За прв пат во Македонија, ексклузивно токму во Рамстор Мол, вратите ги отворипрвата продавница на Primadonna. Овој италијански бренд е вистинско откритие за модерните и урбани жени кои бараат спој на квалитет, прецизна изработка и пристапни цени. Лоцирана на приземјето, Primadonna нуди голем избор на чевли, чизми, чанти и аксесоари со безвременски стил и италијанско наследство, каде удобноста и елеганцијата се сплотени во едно.
Врвна елеганција со празнично намалување
За љубителите на класичната женственост и врвниот квалитет, тука е легендарниот бренд Luisa Spagnoli. Основан во 1928 година, овој бренд е симбол за софистицираност. Оваа сезона, искористете ја специјалната понуда од -30% попуст на целата колекција на облека, чевли и аксесоари и пронајдете го вашиот идеален изглед за дочекот на Новата година.
Ако пак вашиот стил е енергичен и колоритен, Max&Co. е вистинскиот избор. Познат по својот урбан шик и функционалност, овој бренд нуди смели парчиња кои зрачат со удобност. Сите парчиња облека, чевли и впечатливи додатоци во Max&Co. се исто така достапни со -30% попуст.
Премиум избор за современиот маж
Празничниот шопинг во Рамстор Мол нуди посебно искуство и за мажите. Во мултибренд продавницата 52 Concept Store, можете да ја најдете престижната италијанска модна куќа Trussardi. Позната по бескомпромисниот квалитет, оваа сезона Trussardi нуди машка колекција и аксесоари изработени од премиум кожа, кашмир и волна со -30% попуст. Освен Trussardi, во 52 Concept Store ве очекува внимателно курирана селекција на светски брендови со атрактивни сезонски намалувања.

Повторно дел од богатата понуда на Рамстор Мол е и современиот машки бренд Campione, лоциран на приземјето. Нивните безвременски колекции се идеални за самоуверени мажи кои бараат автентичност и опуштено-елегантен стил. Целата колекција во Campione е достапна со -20% попуст.
Вашата празнична приказна започнува тука! Ве покануваме да го посетите Рамстор Мол, да уживате во празничната атмосфера и да ги искористите неверојатните попусти за да создадете незаборавни спомени со стил.
Ве очекуваме во Рамстор Мол!
____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.