• петок, 05 декември 2025

По речиси 50 години Белгија воведува во употреба нов тип на борбени авиони 

По речиси 50 години Белгија воведува во употреба нов тип на борбени авиони 

Брисел, 15 октомври 2025 (МИА) - Белгија го модернизираше своето Воено воздухопловство со нови борбени авиони Ф-35, што ќе придонесе за јакнување на одбрана на воздушниот простор на НАТО, соопшти денеска Алијансата. 

Станува збор за 34 нови авиони ловци од типот „Ф-35 Лајтинг 2“ од американско производство, кои веќе се префрлени од САД во белгиската воздухопловна база „Флорен“.  

- Ова е првпат по речиси 50 години земјата да воведе во употреба нов тип на борбен авион, се наведува во соопштението. 

Според Алијансата, овој борбен авион од петта генерација со значајна надградба ќе ја зајакне националната одбрана на Белгија и ќе ја зголеми нејзината улога како сигурен сојузник на НАТО.  

- Ф-35 се дизајнирани да се интегрираат беспрекорно со другите воздухоплови на НАТО, подобрувајќи ја координацијата и подготвеноста за одбрана на воздушниот простор на Алијансата, се додава во соопштението. сп/ 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан