• понеделник, 23 декември 2024

По раскинувањето на договорот, Фергусон нема да биде на „Олд Трафорд“ за дуелот Јунајтед - Брентфорд

По раскинувањето на договорот, Фергусон нема да биде на „Олд Трафорд“ за дуелот Јунајтед - Брентфорд

Манчестер, 19 октомври 2024 (МИА) - Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед – Сер Алекс Фергусон нема да биде на трибините на „Олд Трафорд“ на натпреварот на „црвените ѓаволи“ против Брентфорд. Средбата може да биде одлучувачка за судбината на Ерик Тен Хаг на чело на тимот. Доколку исходот од натпреварот е поинаков од победа на домаќините, Холанѓанецот ќе добие отказ.

За време на репрезентативната пауза, раководството на Манчестер Јунајтед донесе љубопитна одлука за раскинување на договорот на Алекс Фергусон како амбасадор на тимот. Според него, Шкотланѓанецот инкасирал 2 милиони фунти годишно. Во обид да ги намалат трошоците на клубот, новите сопственици ИНЕОС одлучија да го раскинат договорот на еден од најголемите менаџери во историјата на фудбалот.

Сепак, неговото денешно отсуство од натпреварот не е поврзано со раскинатиот договор. Според медиумите на Островот, Фергусон има „поважна обврска“ која ќе го спречи да биде на стадионот на важниот натпревар. дс

Фото: Архива

Остани поврзан