• четврток, 02 јануари 2025

По истрагата за смртта на Лијам Пејн, обвинет и негов близок пријател

По истрагата за смртта на Лијам Пејн, обвинет и негов близок пријател

Лос Анџелес, 30 декември 2024 (МИА) - Според последните информации, пет лица се обвинети во врска со смртта на британскиот пејач Лијам Пејн, а меѓу нив е и неговиот близок пријател Рохелио Норес.

Според аргентинското Државно обвинителство, менаџерката на хотелот Гилда Мартин, вработениот во хотелот Естебан Граси и Норес се обвинети за убиство од небрежност, а пак, вработените Брајан Паиз и Езекиел Перејра се обвинети за снабдување со дрога. Според наводите, Судот наредил двајца од петтемина обвинети да бидат задржани во притвор. Тие се повикани да се појават на Суд во рок од 24 часа.

Пред неколку дена аргентинската полиција ѝ испратила покана за сослушување и на неговата девојка Кејт Кесиди, која не е осомничена, но се надеваат дека таа може да даде дополнителни информации.

За потсетување, три недели по смртта на Лијам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство, наведувајќи дека најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот „Касасур Палермо“ во Буенос Аирес на 16 октомври.  си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан