• среда, 03 јули 2024

По изборите, во кувајтскиот парламент доминира опозицијата

По изборите, во кувајтскиот парламент доминира опозицијата

Кувајт сити, 7 јуни 2023 (МИА) - Опозицијата освои мнозинство во кувајтскиот парламент на седмите општи избори за нешто повеќе од десет години, со само една жена меѓу избраните претставници, покажуваат резултатите од изборите објавени денеска.

Изборите се одржаа во вторникот, откако Уставниот суд во март ги поништи резултатите од минатогодишните избори, на кои опозицијата постигна значително подобар резултат и го врати парламентот избран во 2020 година.

Кандидатите на опозицијата освоија 29 од 50 места во парламентот, според изборните резултати, објави кувајтската новинска агенција.

Во парламентот е избрана само една жена, опозициската кандидатка Џанан Бушехри.

Составот на новото свикување на парламентот е многу сличен на оној што беше избран минатата година, кој беше поништен. Сите пратеници, освен 12, ги задржаа своите места.

„Денеска ја славиме победата на реформскиот пристап“, изјави опозицискиот пратеник Адел Ал-Дамки.

Тој додаде дека „изборните резултати се показател за свеста на кувајтскиот народ“.

Излезноста беше 50 отсто еден час пред затворањето на гласачките места. Минатата година беше 63 отсто.

Кувајт воведе парламентарен систем во 1962 година, а парламентот беше распуштен 11 пати во последните 12 години.

Кувајтската влада ја бира владејачкото семејство Ал-Сабах. паг/

 

 

Остани поврзан