• недела, 22 декември 2024

По втор пат во март во тетовската болница изведена нов вид ретка операција

По втор пат во март во тетовската болница изведена нов вид ретка операција

Тетово, 31 март 2021 (МИА) - По втор пат овој месец, во Клиничката болница во Тетово, изведена е нов вид ретка операција. Денеска, успешно е направена операција за корекција на дијафрагма после трауматолошка повреда.

Началникот на одделот за хирургија и трауматологија, Д-р Илбер Бесими, со големо задоволство го сподели успехот на персоналот на хирургија и трауматологија на Клиничката болница во Тетово за успешно извршување на операцијата.

- Тимот беше предводен од Д-р Ферит Мухареми, заедно со Д-р суб.спец.Илбер Бесими, Д-р Фатмир Салиу, Д-р Шпресим Ферати, со анестезиолог и реаниматолог Д-р Минире Исени, инструментарка Пранвера и техничар Петар. Ваков вид интервенција првпат е извршена во нашата институција. Да се направи нешто за што сте повикани да го правите со посветеност во своето место е божествено, сподели Д-р Бесими.

На 17 март годинава, првпат, во Клиничката болница во Тетово беше извршена торакална (градна) оперативна интервенција - ресекција на тумор на второ десно ребро на предниот дел од градниот кош. Операцијата ја изврши специјалистот по торакална хирургија, Д-р Иван Карапетров. ас/ар/

Остани поврзан