• недела, 22 декември 2024

По барање на граѓани МЖСПП ќе изврши увид во работата на ЈП Дрисла

По барање на граѓани МЖСПП ќе изврши увид во работата на ЈП Дрисла

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на средба ги прими претставниците на Здруженијата „Ринија е Батинцес“ и „Вукат“ кои ја изразија својата загриженост и незадоволство за лошото управување со отпадот и медицинскиот отпад од страна на Јавното претпријатие „Дрисла“ со кое раководи Град Скопје, информираат од МЖСПП.

Во име на жителите на село Батинцe и населбите кои гравитираат околу депонијата Дрисла, претставниците на двете здруженија информирале дека како резултат на несоодветното управување од страна на дирекцијата на оваа депонија, има драстично влошување на здравствената состојба на жителите на село Батинцe и околината. Според нив, тие имаат само едно барање, современа депонија со еколошки и европски стандарди.

Меџити, на средбата рекол дека Министерството во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе го разгледа нивното барање и ќе извршат увид во дејноста и начинот на кој ова претпријатие постапува со отпадот, доколку ги исполнува своите должности и евентуалните отстапки заедно со нивната работа.

Од МЖСПП велат дека по набљудувањето на ситуацијата на терен, Министерство за животна средина ќе ги разгледа можности за изнаоѓање на потребните средства и алатки за модернизација на депонијата Дрисла, и подобрување на животниот стандард на жителите кои живеат во нејзина близина. сст/аа/

фото МЖСПП

 

Остани поврзан