• понеделник, 23 декември 2024

Почнува 47. издание на одбојкарскиот турнир „Чајка“

Почнува 47. издание на одбојкарскиот турнир „Чајка“

Скопје, 18 август 2023 (МИА) – Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од денес до недела ќе се одржи 47-то издание на меморијалниот одбојкарски турнир „Чајка“.

 

Годинава турнирот има интерконтинентален карактер. Покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и селекциите на Грција, Египет и Јапонија.

 

Секој ден ќе се играат по два натпревара во термините од 17:30 часот и 20:15 часот. Македонската репрезентација трите дена ќе игра во подоцнежниот термин. Вечер ќе се соочи со Јапонија, утревечер со Египет, а в недела со Грција. 

 

Овие натпревари ќе бидат генерална проба за македонските одбојкари во пресрет на Европското првенство чии ко-домаќин ќе биде Скопје од 30 август до 6 септември. зс/

Остани поврзан