• вторник, 12 ноември 2024

Почнува 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ 

Почнува 31-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ 

Струмица, 8 септември 2023 (МИА) - Триесет и првото издание на  Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се десет остварувања од земјава, Бугарија и Словенија.

Завесата на  ФКТ „Ристо Шишков“ вечер ќе ја кренат актерите од велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад Витанов.

-Имаме сериозна програма со претстави од европски фестивали. Публиката ќе ужива во повеќе жанрови-од алтернативни претстави, претстави кои го испитуваат мислењето на граѓаните, претстави кои дават сила актерот да ужива и да ја презентира својата моќ на сцената, рече директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков. 

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката, Дарја Ризова, писателот и професор на ФДУ, Иван Додовски и актерката  Мими Таневска.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор ќе е Јоана Шишкова.

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица. рт/аа/

Фото: ФКТ “Ристо Шишков“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан