• петок, 22 ноември 2024

Почнува 16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023

Почнува 16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023

Скопје, 27 април 2023 (МИА) - На Малата сцена на Македонскиот народен театар од денеска до 29 април, ќе се одржи 16. Интернационален фестивал  на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023.

На овогодишното издание на фестивалот ќе бидат прикажани три претстави од различни жанрови и од различни земји.

На отворањето на фестивалот денеска ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со 90-минутната пантомима, „Страдањата на Исус“, претстава која како тема ги зема најважните случувања од животот на Исус, а сето тоа преточено преку јазикот на пантомимата. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно.

На втората вечер на фестивалот ќе настапи младата актерка од Србија, Нада Милошевиќ, со својот буто перформанс „Суштество“, во кој како егзистенцијален предизвик се поставува истражувањето на скриениот архетип на битието, изгубено во сопственото опкружување...

Од Македонскиот народен театар информираа дека на третата вечер има гости од Романија кои ќе настапат со својата претстава, физички театар, танц и пантомима „Hommo Love“, претстава која како соло актер ја води Пол Цимпоеру, потпомогнат од својата партнерка Алина Пентак, претстава за љубовта која секогаш и сегде ни се случува и нѐ канат, не да ја видиме, туку да ја почувствуваме...

Оваа година фестивалот има ревијален карактер, а како и изминативе три години по ред билетите за претставите се бесплатни. цр/сп/

Фото: Македонски народен театар

Остани поврзан