• среда, 24 април 2024

Почнува 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал 

Почнува 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал 

Скопје, 2 јуни 2023 (МИА) - Во Кинотека денеска почнува главната програма на 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал што се одржува под мотото „Се е филм, во множина“. Фестивалот, што ќе трае до 9 јуни и на кој ќе бидат претставени 40-тина филмови, во својот фокус го има творештвото на филмскиот великан Жан-Лик Годар.

Филозофскиот филмски фестивал е единствениот филмски фестивал во земјава и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм -    филозофијата.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и се одржува со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура, во соработка со Кинотека, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.вј/лв/

Фото: Филозофско друштво на Македонија

Остани поврзан