• понеделник, 25 ноември 2024

Почнува Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје 

Почнува Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје 

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - По повод Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје, Македонската  асоцијација  на  гинеколози  и  опстетричари (МАГО) во  соработка  со  Асоцијацијата  за  здравствена  едукација  и  истражување – ХЕРА и со поддршка од Македонското лекарско друштво, од денеска до 19 февруари ќе организира активности во рамки на кампањата „Сакаш да се мазиме? Ама да се пазиме!“.   

Организаторите соопштија дека главна активност на кампањата  ќе  биде  здравствена едукација  со  делење едукативни материјали и презервативи во државните студентски домови во Скопје, како и во ТЦ Сити мол, каде тим од млади  доктори ќе ги советуваат студентите и посетителите на сите прашања за нивното сексуално  и репродуктивно здравје.

Локациите и термините се: ТЦ Сити мол - 12  февруари од  12 до 17 часот;  ДСД  „Гоце Делчев” - 13 февруари од 11 до 15 часот;  ДСД „Пелагонија” - 14 февруари од 11 до 15 часот и  ДСД „Стив Наумов” -  15 февруари од 11 до 15 часот.

Студентите од студентските  домови, водени  од  уметникот  Доротеј  Нешовски,  ќе  имаат  можност и преку креативна работилница да развијат приказни, стрипови, цртежи  и  пораки  со кои  ќе  ги  пренесат  своите  размислувања  за  тоа  што  за  нив  подразбира  грижа за  нивното сексуално и репродуктивно здравје.

Како дел од активностите подготвени се два прашалника - за  контрацептивни  методи  https://forms.gle/3pYwR961Pqpqr5FB9 и за сексуално преносливи инфекции https://forms.gle/FySTcJt3nDjuVzUA7  

По повод почетокот на Светската недела на сексуално и репродуктивно здравје, изјави за медиумите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ денеска напладне ќе дадат проф. д‐р Глигор Тофоски, претседател на МАГО, Весна Матевска, програмска раководителка на ХЕРА, и Виктор Велевски, директор на 
Државниот  студентски  центар. хс/лв/

Остани поврзан