• сабота, 23 ноември 2024

Почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“

Почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“

Струга, 7 октомври 2023 (МИА) - Со промоција на трите тома од книгата „Мојата Струга“ на Наум Бајо денеска во Струга почнува меѓународната поетска манифестација „Струшки книжевни средби“, во организација на културниот центар „Бран“

Според програмата, во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ предвидено е да бидат доделени наградите „Петковиот аманет“, „Животно дело“, „Автор на годината“, „Млад автор на годината“ и „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“.

Годинашен добитник на наградата „Животно дело“ е новинарот, публицист, поет и раскажувач Мишо Китаноски. За автор на годината на „Струшките книжевни средби“ ќе биде прогласен Дарко Лешоски, а млад автор на годината е Емилија Карафилоска. Награда за „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“, ќе ја прими црногорски книжевник, Лабуд Н. Лончар.

Струшките книжевни средби ќе продолжат и утре во црквата „Свети Никола“ во Вевчани и покрај Вевчански извори со поетски хепенинг на кој ќе настапат сите учесници. сс/дма/

Остани поврзан