• петок, 22 ноември 2024

Почна четвртата сезона од проектот „Ракомет за секое дете“

Почна четвртата сезона од проектот „Ракомет за секое дете“

Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Под мотото „Откриј го својот афинитет, надгради го талентот“ и отворање на школи за ракомет на две нови локации во населба Ново Лисиче и Општина Карпош, проектот „Ракомет за секое дете“ ја стартуваше четвртата сезона. 

Овој проект опфаќа децата на возраст од 6 до 12 години на територија на Град Скопје и Општина Велес.

- Ние како организација, немаме услови за формирање на пионерски селекции, но имаме соработка со клубовите кои функционираат во Скопје и Велес. На тој начин, школата за ракомет, функционира како расадник за млади ракометни фиданки, кои понатаму својот потенцијал ќе го развиваат во ракометните клубови, вели Горан Ѓоргоноски координатор на проектот.

И оваа сезона, покрај тренинзите кои се предвидени во две возрасни категории на повеќе локации во Скопје и Велес, со специјална програма за различни возрасти на деца, предвидено е да продолжи и Јуниор куп, турнирски систем на натпреварување во мини ракомет, наменет за членовите на школата. 

Школата и оваа година ќе продолжи да се надградува, па така покрај тренинзите, како неизоставен дел, планирани се предавања во однос на здрав начин на живот, едукација во сегментот на здрава храна и едукативни работилници во делот на спортска психологија. зс/

 

Остани поврзан