• понеделник, 23 декември 2024

Почна тампонирање на локалниот пат во кумановското село Тромеѓа

Почна тампонирање на локалниот пат во кумановското село Тромеѓа
Куманово, 27 октомври 2020 (МИА) - Во тек е тампонирање на улицата во село Тромеѓа преку „Амбар маало“ до излезот во населба Карпош, информираше денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Од одделението за комунални дејности информираат дека претходно во повеќе села од кумановско беше извршено тампонирање. Вкупно годинава завршени се 39 километри локални патишта со тампонирање.
Инаку, претходно од Министерството за транспорт и врски информираа дека во ова кумановско село привршува изградбата на дел од канализациската мрежа. Со проектот предвидено е да се опфатат околу 10.000 метри мрежа, така што жителите на ова село за прв пат ќе добијат канализациска мрежа.
-Изградбата на канализациски линии со должина од 9.297 метри е во завршна фаза. Во тек се активности за поставување на пумпите и опремата за нив, кои се веќе набавени. Според договорот предвидено е проектот да биде завршен до крајот на овој месец, а вредноста на инвестицијата, според договорот, изнесува околу 32,1 милиони денари или околу 522 илјади евра – информираа, претходно од Министерството за транспорт и врски.
Жителите на Тромеѓа со години бараа изградба на мрежа со која ќе им се реши проблемот со отпадните води. Селото е сместено на пет километри од Куманово и има околу 1.300 жители и голем број младо население.ам/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан