• недела, 07 јули 2024

Почна реконструкција на улица во кумановската населба Карпош

Почна реконструкција на улица во кумановската населба Карпош
Куманово, 21 мај 2022 (МИА) - Општина Куманово почна со реконструкција на улицата „142“ во населбата Карпош, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејнсоти. За реконструкција на улицата „142“ општината склучи договор со компанијата „Кооп инженеринг“ од Куманово која ја реконструира улицата за сума од 1.572.375 денари. Надлежните од одделението за комунални дејности информираа дека наскоро ќе се реконструираат краците „1“, „4“ и „5“ во населбата Иго Тричковиќ. За санација на кракот „1“ одбрана е компанијата „РМК градба“ од Студеничани и од општинскиот буџет наменети се 504.850 денари. За асфалтирање на останатите два крака во населбата Иго Тричковиќ, општината одвои 706.643 денари. Од одделението за комунални дејности очекуваат значително да се подобрат условите за движење на пешаците во населбата. ам/цр

Остани поврзан