• понеделник, 23 декември 2024

Почна реконструкцијата на дотраен тротоар во штипската населба „Осми Ноември“

Почна реконструкцијата на дотраен тротоар во штипската населба „Осми Ноември“

Штип, 13 јануари 2020 (МИА) - Почна реконструкцијата на тротоарот од едната страна на улицата „Енгелсова“ во штипската населба Осми Ноември. Станува збор за дотраен бетонски тротоар, кој целосно беше уништен, а пешаците без разлика дали станува збор за возрасни или лица со посебни потреби тешко се движеа по него. Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски кој денеска изврши увид во градежните активности на ЈП „Стипион“ вели дека станува збор за тротоар со површина од 1.025 метри квадратни.

-Овде имавме доста реакции од урбаните заедници за постоечките тротоари, но и генерално сите анализи и анкети, коишто ги правиме меѓу граѓаните, урбаните заедници и моите разговори со граѓаните е секогаш едно од барањата и врните приоритети за подобрување на инфраструктурата се тротоарите за пешаци, вели Бочварски.

Реконструкцијата на оваа тротоарска површина ќе чини 1.600.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општината. Бочварски најави дека користејќи ги поволните временски прилики ќе работат и на други тротоарски површини, кои се дел од Програмата за работа за 2020 година. вдј/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан