• понеделник, 01 јули 2024

Почна првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово

Почна првиот уписен рок на Универзитетот во Тетово
Тетово, 30 август 2021 (МИА) - На Универзитетот во Тетово од денеска до 3 септември 2021 година се спроведува првиот рок за упис на нови студенит за академската 2021/2022 година. Овие четири дена се предвидени за пријавување на кандидатите. На 4 септември ќе се спроведе проверка на знаењата и вештините за одредени студиски програми и категории, а првичните резултати ќе бидат објавени на 6 септември, а конечните резултати на 7 септември. -Оваа година на нашиот Универзитет ќе се запишат нови студенти во сите 13 академски наставни програми. Интересот на студентите да се запишат на нашиот универзитет е задоволителен, додека кандидатите многу го ценат организирањето на овој процес и се надеваат дека во иднина откако ќе бидат објавени резултатите ќе го добијат и статусот на студенти, информираат од Универзитетот. Вториот уписен рок е од 14 до 17 септември, а третиот рок е на 27 и 28 септември. Од УТ апелираат до сите кандидати кои сакаа да аплицираат за запишување да ги почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19. ас/aa/

Остани поврзан