• петок, 22 ноември 2024

Почна обновата на 19 километри од патот Прилеп - Градско

Почна обновата на 19 километри од патот Прилеп - Градско
Прилеп, 22 јуни 2022 (МИА)  - Почна поставувањето нов асфалт на делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп - Градско. Тоа значи дека ќе се обноват 19 километри од оваа делница на патот, а зафатот ќе чини околу четири милиони евра. Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми направи увид во работите, неопходна е рехабилитацијата на патот кој е една од потешките делници на фекреквентниот магистрален пат Градско - Прилеп. - Денеска сме на увид на превојот Плетвар каде што се врши рехабилитација на овој патен правец со вредност од 4 милиони евра. Оваа делница е неопходна врска за Пелагонија, потребна беше нејзина рехабилитација за да обезбедиме безбеден и квалитетен сообраќај за поврзување на централниот и јужниот дел од државата.  Ќе се рехабилитираат 19 километри и уште еднаш сакам да упатам апел до сите возачи да имаат трпение со цел безбедно одвивање на сообраќајот во овој период додека се врши рехабилитацијата. Реконструкцијата на превојот Плетвар следи кога активно го градиме експресниот пат од Градско кон Прилеп. Генерално интензивно се работи по целата патна мрежа низ државата. Визијата е да изградиме брзи и безбедни патишта за развојот на Прилеп, Битола и целиот Пелагониски регион, изјави Бочварски. Бочварски најави дека наредниот меец ќе почне рехабилитацијата и на патот Битола - Меџитлија, битен за поврзувањето на Пелагонискиот регион со другите делови од државава и со соседните земји. - Наскоро ќе започнеме и со рехабилитација на патниот правец Битола – Меџитлија. Очекуваме во разумен рок сите овие крупни капитални проекти да го дадат посакуваниот ефект за сегашните и за идните генерации.  Свесни дека сме економскиот потенцијал на овој регион е огромен и затоа Владата е посветена на подобрување на инфраструктурата, гасификацијата и обезбедување на услови како за подобрување на животот на граѓаните, така и за развојот на бизнисите и компаниите, рече Бочварски. Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми нагласи дека изведувачот на работите Стентон Градба и Грин Лајн со надзорот Диви веќе работат на механичко сечење на асфалтот, поставување нови рабници, машинско гребење на постоечкиот асфалт, по што започна и афалтирањето. Рустеми потсети на паралелните работи на експресниот пат Градско-Прилеп каде деновиве беше пробиен еден од двата тунели и ја најави рехабилитацијата на патот Битола-Меџитлија. - Очекуваме со почетокот на зимата граѓаните од овој регион да возат по нова рехабилитирана делница што ќе значи и нивна поголема сигурност и безбедност. Инаку, интензивно се работи на експресниот пат Градско - Дреново, на кој во иднина треба да се надоврзи и изградбата на автопатот Прилеп - Битола, кој треба да го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Со рехабилитацијатата, пак на магистралниот пат Битола - Меџитлија ќе се поврземе брзо и безбедно со Република Грција. Работите ќе почнат од први јули, рече Рустеми. ем/лв/  

Остани поврзан