• недела, 17 ноември 2024

Почна клиничко испитување на нова вакцина против Ковид-19

Почна клиничко испитување на нова вакцина против Ковид-19
Бразилија, 9 април 2021 (МИА) - Во Бразил, во Мексико, на Тајланд и во Виетнам почна клиничко испитување на нова вакцина против Ковид-19, чие производство би било поевтино, полесно и побрзо. Вакцината „NDV-HXP-S“ е прва вакцина што во клиничкото испитување користи нов молекуларен дизајн за кој се очекува да создаде посилни антитела од постоечките вакцини. Вакцините што сега се користат, како Фајзер и Џонсон и Џонсон мора да се направат во специјализирани фабрики со употреба на состојки кои тешко се добиваат. Спротивно на тоа, новата вакцина може да се произведува масовно во јајца од кокошки, како што се произведуваат секоја година милијарди вакцини против грип во фабриките ширум светот. Доколку се докаже дека вакцината е безбедна и ефикасна, производителите на вакцини против грип би можеле да направат повеќе од една милијарда дози годишно, а посиромашните земји на кои сега им е тешко да добијат вакцини против Ковид-19 од побогатите земји, може да ги произведат или набават сами ниски цени. Првата фаза од клиничкото испитување ќе заврши во јули, а последната фаза ќе трае уште неколку месеци. Експериментите врз животни даваат надеж за успешноста на вакцината. ми/

Остани поврзан