• среда, 25 декември 2024

Почна изградба на канализациски систем во економската зона Ограѓа

Почна изградба на канализациски систем во економската зона Ограѓа
Скопје, 5 мај 2022 (МИА) - Во рамки на реализацијата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за зафаќање и третман на отпадните води и пречистителни станици, во населба Илинден почна изградбата на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти од економската зона Ограѓа. Градоначалникот Александар Георгиевски, кој присуствуваше на почетокот на градежните активности, истакна дека со овој проект е предвидена изградба на канализациска линија во должина од околу 700 метри, којашто ќе биде поврзана со пречистителната станица од припадна површина 8 населба Илинден. - На оваа канализациска мрежа ќе бидат приклучени сите правни субјекти во економската зона Ограѓа и новото основно училиште во кое треба да учат 450 ученици, рече Георгиевски. Како што информираат од Општина Илинден, со изградба на овој канализациски систем значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот на граѓаните од овој дел од општината.фф/лв/

Остани поврзан