• сабота, 23 ноември 2024

Почна изградбата на колектор и канализациска мрежа во во кумановската населба „Иго Тричковиќ“

Почна изградбата на колектор и канализациска мрежа во во кумановската населба „Иго Тричковиќ“
Куманово, 23 август 2022 (МИА) - Во кумановската населба „Иго Тричковиќ“ почна изградбата на фекален колектор и канализациска мрежа.
-Започнуваме со изградба на нов фекален колектор и единаесет крака на фекална канализација во населба Иго Тричковиќ (Пуковско) во должина од 2.500 метри и вредност на инвестиција од приближно 19.000.000 денари финансирани од буџетот на Општина Куманово, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Општина Куманово претходно по објавена јавна набавка склучи договор со избрана компанија за изведување на градежни активности, изградба на фекална канализација на главен колектор и краци 1-11 на улици во населбата, за што од општинскиот буџет ќе се одвојат 18.795.602, 81 денар со вклучен данок на додадена вредност.
Од петте понуди на заинтересираните компании од државата, избрана е скопската фирма „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ“.
Претходно, во населбата беа реконструирани краците „1“, „4“ и „5“. Жителите на населбата со години наназад бараа решавање на овој инфраструктурен проблем.ам/

Остани поврзан