• вторник, 05 ноември 2024

Почна евакуацијата на десетици илјади жители на Газа

Почна евакуацијата на десетици илјади жители на Газа

Газа, 10 ноември 2023 (МИА) - Десетици илјади жители на Газа почнаа да се евакуираат од оваа област, соопшти организацијата „COGAT“.

Израелската војска го отвори коридорот за бегалци во временски интервал од шест часа, од 9 до 16 часот по локално време.

„Северниот дел од Појасот Газа се смета за жестоко бојно поле и истекува времето за евакуација. Придружете им се на стотиците илјади лица кои ги послушаа повиците и во последните денови се преселија на југ“, порача претходно портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан