• петок, 22 ноември 2024

Почна вакцинирањето во домовите за стари лица низ САД

Почна вакцинирањето во домовите за стари лица низ САД
Вашингтон, 16 декември 2020 (МИА) - Третиот ден од масовната вакцинација во САД во старските домови низ земјата пристигнаа првите дози на вакцината против коронавирусот, во кои досега умреа 110.000 возрасни лица во целата земја. Американските медиуми јавуваат дека прво се вакцинирани околу 2.000 корисници на домовите за стари лица во Западна Вирџинија, а во тек е и вакцинацијата на штитениците на Флорида. -Се надевам дека вакцината ќе ми помогне да не добијам коронавирус, вели пензионираната учителка Вера Леип (88) од еден дом за стари лица во близина на Форт Лодердејл. Во следните неколку дена во домовите за стари лица низ САД ќе бидат вакцинирани стотици илјади повозрасни Американци. сд/

Остани поврзан