• четврток, 21 ноември 2024

Почина Јован Д. Кочанковски еден од основачите на МНД-Битола

Почина Јован Д. Кочанковски еден од основачите на МНД-Битола

Битола, 23 септември 2024 (МИА) - На 93-годишна возраст во Битола почина м-р Јован Кочанковски, последниот жив сведок од групата битолски интелектуалци кои во 1960 година го формираа најстарото научно друштво во земјава, Македонско научно друштво-Битола.

До пензионирањето, Кочанковски вршел повеќе јавни функции, бил директор на Историски Архив-Битола, директор на ОУ „Тодор Ангелески“-Битола, додека во Друштвото за наука и уметност, подоцна МНД-Битола, бил потпреседател и член на управниот одбор и научниот Совет.

Кочанковски во 1968 и 1999 година е добитник на највисокото општинско признание, наградата „4 Ноември“,  наградата „Климент Охридски“, „Орден на трудот“, а во 2020 година по повод 60 години од формирањето на друштвото, доби Кристална коцка на МНД-Битола.

Опелото и погребот на Кочанковски ќе се одржат утре на  новите „Светоделски гробишта“ во Битола.мт/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан