• понеделник, 23 декември 2024

Почина српската писателка Исидора Бјелица

Почина српската писателка Исидора Бјелица
Скопје, 5 август 2020 (МИА) - Српската писателка Исидора Бјелица почина денеска на 52-годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот. Веста за српските медиуми ја потврди издавачката куќа „Лагуна“. Исидора Бјелица е родена на 10 декември 1967 година каде и завршила гимназија, а потоа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек драматургија, и магистрирала со тезата „Технотрилер како современ облик на трагедија“. Авторка е на над 40 книги посветени на различни генерации, а освен тоа пишувала и повеќе театарски текстови и радио драми. Режисерка е на филмот „Дорќол-Менхетн“, а во театар ја режираше „Сарајка во Белград“ и комедијата на својот сопруг, Небојша Пајкиќ, „Мархатана“. Како телевизиски автор работеше на неколку проекти, од тоа „Клот-Фркет“ на БК телевизија и БН телевизија и „Љубовниот водич на Исидора“ на телевизијата Метрополис. Бјелица долги години се бореше со болеста, за којашто често пишуваше во своите  книги, но и за што често говореше во јавноста. нд/сп/

Остани поврзан