• недела, 22 декември 2024

Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев

Почина проф. д-р Димитар Бајалџиев
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје,  на Катедрата за воведни и теоретски правни науки. - Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател, објави Правниот факултет на Фејсбук. Проф. д-р Димитар Бајалџиев (1944-2022) беше и министер за образование и наука од септември 1992 до декември 1994 година, поранешен декан на Правниот факултет и член на Деканатската управа.
Погребот ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Бутел. хс/аа/

Остани поврзан