• петок, 22 ноември 2024

Почина поранешниот фудбалер и тренер од Струмица, Аце Стојанов

Почина поранешниот фудбалер и тренер од Струмица, Аце Стојанов

Струмица, 6 март 2024 (МИА) - Вчера во Струмица на 53 годишна возраст почина поранешниот фудбалер на повеќе струмички и македонски клубови и тренер, Аце Стојанов.

Во својата кариера како фудбалер ги бранел боите на Тиверија, Беласица, Влазрими од Струга, Вардарски од Богданци и Хоризонт од Турново, каде последно ја извршуваше функцијата координатор на младинските школи на овој клуб.

И во својата долгогодишна тренерска кариера ги водеше Тиверија, Беласица, Нов Милениум од Сушица и Хоризонт од Турново, а покрај тоа беше и координатор на струмички фудбалски клубови.

Струмичките фудбалски клубови се простуваат од Стојанов, а ФК „Тиверија“ на својата фејсбук страница напиша: „Беше голем човек и добар другар. Благодарност од Тиверија и фудбалска Струмица за твојот придонес“. рт/

Фото: ФК „Тиверија“

Остани поврзан