• петок, 22 ноември 2024

Почина поранешниот канадски премиер Брајан Малрони

Почина поранешниот канадски премиер Брајан Малрони

Монтреал, 1 март 2024 (МИА) - Поранешниот канадски премиер Брајан Малрони почина на 85-годишна возраст, објави неговата ќерка на социјалните мрежи.

Брајан Малрони, роден во Квебек, ја водеше земјата од 1984 до 1993 година.

Тој го одбележа канадскиот политички живот во 1980-тите, особено со потпишувањето на историскиот договор за слободна трговија со САД, што подоцна беше проширен и во Мексико. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан