• среда, 27 ноември 2024

Почина намибискиот претседател Хаге Гејнгоб

Почина намибискиот претседател Хаге Гејнгоб

Јоханесбург, 4 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Намибија, Хаге Гејнгоб, почина во болницата во Виндхук во раните утрински часови, објави неговиот заменик, јави ДПА.

-Намибиската нација загуби истакнат слуга на народот, икона за ослободителна борба, главен архитект на нашиот устав и столб на намибиската куќа, рече вршителот на должноста претседател Нанголо Мбумба во изјавата на социјалните мрежи.

Гејнгоб, на возраст од 82 години, се лекуваше во приватната болница Лејди Похамба во главниот град на Намибија Виндхук, откако неодамна откри дека неговиот медицински тим открил канцерогени клетки по биопсија.

-Неговата сопруга Моника Гејнгоб и неговите деца беа покрај него, рече Мбумба.

Тој додаде дека Кабинетот веднаш ќе се состане за да ги направи потребните државни аранжмани и ќе има дополнителни најави во врска со тоа.

На 1 февруари, претседателството објави дека Гејнгоб се вратил од САД каде што добил „дводневен нов третман за канцерогени клетки“.

Гејнгоб беше третиот претседател на земјата и беше на функцијата од 2015 година.

фото: Википедија (Council.gov.ru, CC BY 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=87289555)

Остани поврзан